Лондон го престигнува Њујорк според брзината на економски раст
Лондон во следните 15 години бележи побрз економски раст отколку Њујорк, имајќи предвид дека британската престолнина ќе оствари повеќе корист од зајакнувањето на глобалната економија, покажа извештајот на оксфордската консултанска куќа, Оксфорд економикс.
Стопансвото на Лондон ќе расте во просек за 2,9 отсто годишно од 2015 до 2030 година, а стопанството на Њујорк за 2,6 проценти, наведува Оксфорд економикс.
- Прогнозата на глобалниот стопански раст му дава на Лондон шанса да оствари значителна корист на повеќе полиња, смета претседателот на секторот за глобални истражувања во Оксфорд економикс, Ричад Холт.
Единствен европски град, кој покрај Лондон, се најде меѓу водечките десет градови во однос на развојот во светот е Париз, кој во периодот 2015-2030 ќе забалежува раст во просек од 1,7 отсто годишно.
Прв на листата е Шангај, за кој се прогнозира економски раст од 5,2 проценти.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп