Лончар: Србија се подготвува за најлошо сценарио
Се зголемува бројот на лица заразени со коронавирус, но исто така и бројот на пациенти во болниците, изјави денеска српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лончар истакна дека искористениот капацитет на ковид болниците во Белград „надминува 60-70 отсто“ и дека „14-15 пациенти“ се веќе сместени во привремената болница во Арена.
Лончар по средбата со директорите на ковид болниците кажа дека во Србија е зголемен бројот на прегледи и на хоспитализирани поради инфекција со коронавирус.
– Кога ги имаме тие бројки, тогаш можеме да претпоставиме дека ќе има поголем број луѓе на респиратори за дишење и оние кои, за жал, ќе починат. Не постои здравствен систем што може да прими половина од граѓаните на таа земја, кажа Лончар.
Тој апелираше до граѓаните да се пријават на време во ковид амбулантите веднаш штом ќе се појават првите симптоми. Како што рече, се подготвуваат и ковид болниците во Батајница и Крушевац, со по 1.000 места, во кои ќе работат над илјада здравствени и немедицински работници.
– Ние се подготвуваме за најлошото сценарио, следиме што се случува во регионот и Европа, мислам дека се опуштивме повеќе отколку што требаше. Србија се уште има добар резултат, но сè може да се промени ако не се почитуваат мерките. Апелирам до сите граѓани да не играме „мачка и глувци“ со мерките, бидејќи мора да размислуваме и за пациенти кои страдаат од други болести, изјави Лончар.
За воведувањето нови мерки тој кажа дека е потребна рамнотежа меѓу мерките и функционирањето на државата.
– Ако сакате да обезбедите лекови, плати за вработените, нови болници, тоа не може да се постигне ако затворите сè. Не се мерките тие кои ќе ја победат короната, тоа е нашата свест, кажа министерот.
Српскиот ретседател Александар Вучиќ вчера изјави дека „последнава недела е една од најтешките во Србија со дневно регистрирани 600 до 700 заболени, а дека се очекуваат и над 1.000 заразени“.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев