Лон-производството и нелојалната конкуренција, проблеми за текстилците
Се уште најголем проблем во текстилната индустрија е тоа што 95 отсто од производството е лон, а во последно време, поради даночните олеснувања во индустриските зони, евидентна е и нелојална конкуренција, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.
Како што истакна претседателот на Здружението за текстилна индустрија Ангел Димитров, многу работници, готови кадри кои се граделе 30-на години, ги напуштаат домашните фирми и заминуваат кај странските инвеститори.
- Тоа го прават дури и за 1.000 до 2.000 денари поголема плата. Ние не сме против, секој може да работи каде што може и сака, но бараме минимум изедначување на условите со оние за компаниите во зоните, укажа Ангелов.
Во врска со состојбите во секторот, апелира дека е неопходно да се интензивира соработката меѓу образованиот систем и бизнисот за да се продуцираат кадри според потребите на пазарот. Ако не функционира врската на школите со стопанството и натаму, нагласи, ќе биде голем бројот на оние што чекаат работа, но и на дефицитот на квалификувани лица во компаниите.
- Огромна е разликата меѓу потребите на бизнисот и она што се добива како квалификувана работна сила. Ваквиот расчекор е и една од клучните причини што ги тера младите да си одат од Македонија. Бизнисот е тој што креира работни места, а образованието треба да создаде кадар спрема потребите на пазарот, подвлече Ангелов.
Тој предочи и на потребата од заострување на критериумите за прием на факултетите, како и од надминување на предрасудите дека секој мора да е високообразован поради што се помалку деца се запишуваат во средните стручни училишта.
Според статитистиката, бројот на вработени во текстилната индустрија е намален, од 43.848 во 2007 година на околу 36.000 денес. Извозот, пак, не бележи пад и изнесува 359 милиони долари во првите седум месеци од 2016-та. Очекувањата до крајот на годинава и почетокот на следната се дека работењето ќе остане на исто ниво.
За подобрување на резултатите во секторот, Ангелов напомена и дека е неопходно Македонија да почне со извоз на готови производи, најпрво странски брендови, а потоа и домашни, додека осовременувањето на технологијата останува на товар на компаниите зашто е одбиено, додаде, барањето на Здружението за субвенции од државата.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите