Локвенец, Атанасов, Ибраими и Кузмановска ќе сведочат за „27 април“

Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува денеска со сослушување на сведоци предложени од обвинителството.
За денеска е закажано сведочење на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска.
На минатото рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди, премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски.
Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
