Свет
10. October 2016 - 17:59

Локе Расмунсен: Ќе работам за пријателски развод на Британија со ЕУ

Данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен изјави денеска дека ќе работи за „пријателски развод“ меѓу Британија и Европската унија кога ќе почне процесот за напуштање.

– Уверен сум дека ќе ја надминеме секоја пречка, изјави Локе Расмунсен на заедничка прес конференција со британската премиерка Тереза Меј во Копенхаген.

Тој истакна дека тоа би требало да биде „пријателски развод“.

– Тоа ќе биде наша појдовна точка во претстојните преговори, изјави Локе.