Локални врнежи од дожд, во Штип ветер со брзина од 45 километри на час
Во западните делови од државата утринава и во текот на ноќта имаше слаби локални врнежи од дожд и дуваше слаб до умерен југоисточен ветер. Во Штип, ветерот бил со брзина од 45 километри на час.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет во западните и југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Во текот на ноќта, почнувајќи од западните делови, врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират и кон исток. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремен дожд, а максималната температура ќе достигне до 15-тиот степен.
Според УХРМ, утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со над 25 л/м2, особено на запад и во југоисточните делови. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер.
Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето, а од викендот следува период на променливо облачно и врнежливо време.
Ново на Сител
-
НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“
-
РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале
-
Трамп: САД се многу близу до постигнување нуклеарен договор со Иран
-
Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд“
-
Најмногу дожд во Прилеп, времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
-
ФФМ: Целосно ќе го исчистиме ѓубрето во македонскиот фудбал
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството
-
Без струја делови од неколку скопски општини