Локални избори во Словенија

Во Словенија денеска се одржуваат локални избори на кои гласачите ќе одлучат кој ќе раководи со 212 словенечки општини во следните четири години.
Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а право на глас имаат нешто помалку од 1,7 милиони полнолетни граѓани на Словенија.
Првите делумни резултати од изборите во 212 општини се очекуваат по 20 часот.
За 212 градоначалнички места се натпреваруваат 618 кандидати, додека за 3.382 советнички места се борат 18.671 кандидат.
За некој да биде избран за градоначалник потребни се повеќе од 50 проценти од гласовите.
Во општините каде ниту еден од кандидатите за градоначалници денеска нема да добие 50 отсто, ќе се одржи втор круг кој е закажан за 4 декември.
Во 51 општина веќе е познат градоначалникот, бидејќи на тие места се пријавил само еден кандидат.
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
