Локализиран пожарот во општина Зрновци
Пожарникарите од Кочанската територијална противпожарна единица, вработените од Шумското стопанство „Осогово“, екипи од Комуналното јавно претпријатие „Водна кула“ и жители од општина Зрновци по дванаесет часа го локализираа пожарот во општина Зрновци.
Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека иако пожарот е локализиран, сепак екипи, пожарникари и вработени од КЈП „Водна кула“ од Зрновци ќе дежураат и ноќеска на теренот околу селото Видовиште.
Пожарот, како што рече, се движел со голема брзина и дошол до планинскиот пат кој води кон манастирот „Света Петка“ од каде било спречено неговото ширење кон срцето на планинатата Плачковица.
Според првичните проценки, во пожарот е зафатена нискостеблеста шума од смрека, борова и дабова шума на површина од околу 300 хектари.
Пожарот избувна претпладнево околу 7 часот во месноста Трнавца меѓу населените места Видовиште и Теранци во општина Зрновци, а е локализиран околу 19 часот.
Според очевидци кои први го забележале пожарот во месноста Трнавца кај каналот за наводнување меѓу селата Видовиште и Теранци се работи за пожар предизвикан од човечки фактор.
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ