Локализиран пожарот кај Пехчево
Локализиран големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран.
Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив.
-Благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Пехчево“, ТППЕ Берово, вработени во ПШС „Равна Река“ Пехчево, Шумска полиција - Пехчево, вработени во МВР, Армијата на РСМ, вработени во Општина Пехчево, пожарникари од цела Македонија. Исто така благодарност до хеликоптерите на МВР, ер тракторите на ЦУК, вработени во Центар за управување со кризи, месното население од село Негрево и Пехчево, механизација на повеќе општествено одговорни фирми, доброволци од соседните градови. Добивме и безрезервна помош од општествено одговорни компании и фирми, истакнаа од Општината.
Апелираа до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат бидејќи при постоечките високи температури може да настане повторно пожар од големи размери.
Претходно во текот на денот беше отворен пункт за донации каде граѓани од Малешевијата и Пијанец донираа продукти за учесниците во гаснењето на пожарот.
Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува.
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување