Локализиран големиот пожар на ридот Љубаш, белите дробови на Кавадарци
Локализиран е големиот пожар на ридот Љубаш во Кавадарци, кој беснееше синоќа. Илчо Богевски, одговорен на смена при Тероторијалната противпожарна единица, за МИА информира дека на лице место пристигнале со две возила, а пламените јазици два часа ги гаснеле деветмина пожарникари.
-Огнот зафати околу десет хектари сува трева и нискостеблеста шума. За среќа, не се дозволи проширување на пламенот во густата борова шума на ридот, за кој се смета дека ги претставува белите дробови на Кавадарци, нагласува Богевски.
Инспекторот за животна средина при општината, Јованче Колев, кој и самиот беше синоќа на терен, вели дека третиот по ред пожар вчера, бил последица на невнимателно горење на отпад во лозјата.
Колев и Богевски со апел до тиквешани, совесно да се однесуваат со изрежените лозови прачки и доколку ги горат, да го контролираат горењето. За сите неодговорни, ќе следуваат и санкции.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори