-->
-->
Локализиран голем пожар во фабрика во Москва
-->
Речиси 100 пожарникари успеаја да го изгаснат огнот што избувна во една фабрика во Москва и се прошири на 15.000 метри квадратни, при што зафати петтокатница која се урна.
Пожарникарите успеаја да го локализират пожарот во кој никој не е повреден, јави руската агенција ТАСС.
Огнот изби во една од поранешните работилници на фабриката, претворена во магацин. Огнот се проширил и на уште две петтокатници во близина.
Се претпоставува дека пожарот бил предизвика од експлозија на резервоар со бензин. Пламенот можел да се види и од неколку километри оддалеченост.
Тоа е најголем пожар што избил во Москва во последните 25 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО