Локален совет за превенција во Куманово
Според податоците на СВР Куманово кои беа презентирани на денешниот локален совет за превенција во градот од почетокот на годинава се случиле пет физички пресметки, од кои дури четири во мај.
Во најголем процент, според податоците на кумановската полиција, во тепачките биле вклучени малолетни лица. Надлежните, потенцираа дека овие случаи се пријавени и расчистени и посочија дека не станува збор аларманта бројка, иако има неколку случаи кои можат да се карактеризираат дека настанале на меѓунационална нетрпеливост.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски на советот му посочи дека во летниот период има зголемено присуство на печалбари од државите од Западна Европа кои го поминуваат летото во градот и оти не случајно во овој период има евидентирано повеќе тепачки и инциденти, што според него се покажало и минатите години, истиот период. Нагласи дека не верува оти сите инциденти се меѓунационални, бидејќи, потсети дури и пред една година во Куманово беше сочуван меѓуетничкиот соживот.
- Очиледно е дека минатите години имавме проблем, треба да се зајакне позорникарската служба, која во еден стар период беше една од домнантните служби. Треба да има повеќе вакви припадници на полицијата на фрекфентните места како превенција за случување на вакви тепачки во кои се вклучени младите, рече Дамјановски.
Командирот на Полициската станица од општа надлежност Куманово, Игор Митевски информираше дека од почетокот на годинава има евидентирано пет настани кои можат да се тертираат како меѓунационални и дека станува збор за прекшоци и кривични дела.
Началникот на одделението на полиција од СВР Куманово, Антон Витковски посочи дека поеднци и групи се вклучуваат во инциденти со меѓунационална основа за кои подвлече, СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите, расчистување на случаите и дека пријавените случаи се расчистени. Нагласи дека мора да се настапува и превентивно.
- Куманово е мултиетнички град со повеќе националности и мислам дека сите заедно мора да замеме учество за спречување на ваквите дејствива, рече Витковски додавајќи дека случаите се решливи, но бараат ангажман од сите институции.
Самостојниот инспектор од Отсекот за превенција од СВР Куманово, Горан Маневски смета дека превентивното делување ќе даде резулати, посочувајќи ги бројните проекти кои ги реализира отсекот.
Членовите на локалниот совет за превенција порачаа дека при вакви инциденти навремено треба да се извести полицијата, а потоа да се остави надлежните органи да ги расчистат случаите.
Ново на Сител
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?