Локален пороен дожд и грмежи попладне, од утре намалување на температурите
Во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20 литри на квадратен метар) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 19 до 29 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 16 степени, а дневна до 25 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

ВИ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

