-->
-->
ЛОИ:Злато за Болт и на 200 метри
-->
Најбрзиот човек во историјата на атлетиката Јусеин Болт продолжи да испишува историја во овој спорт, откако победи и на трката на 200 метри на олимпијадата во Рио де Жанеиро.
Болт во финалето на 200 метри победи со резултат 19,78 секунди и стана првиот човек кој на три олимпијади победил во оваа дисциплина. Атлетичарот од Јамајка претходно беше „златен“ и на ОИ во Пекинг 2008 и Лондон 2012.
Болт пред три дена го освои златниот медал и на 100 метри и стана првиот во историјата кој на три олимпијади освоил истот толку златни медали во спринтерските дисциплини.
Во сабота Болт ќе има можност да го комплетира третиот „хет трик“, бидејќи ќе настапи со штафетата на Јамајка на трката на 4x100 метри.
Зад Болт во целта влегоа Канаѓанецот Андре де Грас, кој на 100 метри ја освои бронзата, со време 20,02 секунди и Французинот Кристоф Леметер со време 20,12 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка