-->
-->
ЛОИ: Кжижевски води силен тим во Рио
-->
Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Мајк Кжижевски, го објави списокот од 12 играчи кои ќе го бранат златниот медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Американците на ОИ ќе бидат без двајцата најдобри играчи на денешницата, Леброн Џејмс и Стеф Кари, но и без нив се први фаворити за златниот медал. Од тимот кој во 2012 година го освои златото во Лондон во Рио ќе настапат само Кармело Ентони и Кевин Дурент.
На списокот на Кжижевски најмногу играчи има од тимот на Голден Стејт, тројца, двајца играчи доаѓаат од Торонто, а со еден играч партиципираат Индијана, Чикаго, Кливленд, ЛА Клиперс, Сакраменто, Оклахома и Њујорк.
На списокот на Кжижевски се најдоа: Кајри Ирвинг (Кливленд), Кајл Лаури и Демар Дерозан (Торонто), Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Харисон Барнс (Голден Стејт), Џими Батлер (Чикаго), Кармело Ентони (Њујорк), Кевин Дурент (Оклахома), Деандре Џордан (ЛА Клиперс), Демаркус Казинс (Сакраменто) и Пол Џорџ (Индијана).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната