Лоциран сигналот на телефонот на Матеј Периш
Српските истражни конечно го лоцирале сигналот на мобилниот телефон на хрватскиот државјанин Матеј Периш кој веќе 11 дена се води за исчезнат. Како што пишуваат српските медиуми, сигналот последен пат е фатен во близина на Големиот воен остров на устието на Сава во Дунав.
Се верува дека телефонот бил во неговиот џеб кога тој влегол во ледената Сава и оти веројатно неговото тело е во близина.
Но потрагата по телото на Матеј е отежната бидејќи водата таму не е длабока, но струите се многу силни.
Извор од истрагата за српските медиуми открива дека полицијата ги презела податоците од сите базни станици во овој дел од Белград, откако Матеј Периш, ноќта меѓу 30 и 31 јануари без никаква причина, истрача од ноќниот клуб Готик во Бетон салата и исчезна без трага.
– Врз оснвоа на снимките од надзорните камери во околината на Бетон салата, но и следењето на неговиот телефон, со голема прецизност може да се утврди правецот на движење од моментот кога истрчал од Готик, околу 1.40 часот по полноќ. Тој потоа преку Караѓорѓевата улица трчал покрај реката до ресторанот „Саванова“ кај Белград на вода и тука на една снимка се гледа како слегува до Сава, но не се гледа моментот кога влегол во вода, вели изворот.
Според него базните станици го регистирале сигналот од неговиот телефон на тоа место, а потоа сигналот е лоциран низводно кај Големиот воен остров, каде се изгубил.
Ново на Сител
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
