Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
![]()
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полициска станица на 7 мај - потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
- Лицето за кое прашувате, на 7.5.2026, по наредба на Основното јавно обвинителство, е повикано на информативен разговор во СВР Скопје - Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста - велат од МВР.
Николовски, пак, денеска во реакција на „Фејсбук“ напиша дека не се работи за прекршување на Законот за јавните набавки, ниту за пријава од земјоделци, и притоа обвинува дека „станува збор за монтиран случај, кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“.

- Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси.
На земјоделците, винарите и на производителите што ми се јавија овие денови, ви благодарам. Вие знаете што направивме. Вие живеете од таа реформа - напиша Николовски.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
