„Љубовното бомбардирање” – особина на социопатите и нарцисоидите
По шест седмици дружба ја запознал со семејството и пријателите, ја одвел на патување, а станало збор и за деца и основање семејство… Ѝ купувал подароци и „ѝ симнувал ѕвезди“. Американката Марго Валери мислела дека врската со нејзиниот „последен“ е вистинската љубов. Но, не било така…
По точно два месеца откако ја почнале врската, настапило затишје. Сите тие љубовни емоции и гестови запреле. Тој прекинал и да се јавува.
Кога најпосле седнале да поразговараат лице в лице, ѝ рекол дека не е подготвен за врска, дека сѐ му се одвива многу брзо и дека сѐ тоа е премногу за него.
Како што пишува списанието „Мен’с хелт“, се работи за феноменот наречен „љубовно бомбардирање”, што често го има кај нарцисоидите и социопатите.
– Нарцисоидите се посебно познати по своите вештини на манипулирање, како што се склони кон љубовта за себе. Таквите луѓе го користат ласкањето и вниманието за да создадат претстава за себе како совршен партнер… Така стекнуваат и доверба кај другиот, приврзаност, па и обожување, смета психологот Сузан Дегес-Вајт.
– Пораснати со социопатски склоности, тие умеат да бидат шармантни и друштвени, но буквално немаат емпатија, сочувство или грижа за другите, истакнува д-р Керин Лосон за „Мен’с хелт“.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза