-->
-->
Љубов или лудило? - Тања си го продава станот за да го леквуа своето болно куче
-->
Тања Јанковиќ од Јагодина пред неколку дена објавила оглас на социјалните мрежи за продажба на својот стан и сé материјално што поседува, се со цел да собере пари за лекување на своето куче Леа. Откако огласот се проширил низ социјалните мрежи огромен број на луѓе донирале средства за лекување на кутрето.
„Ви благодарам на сите за донацијата за Леа. Досега собравме 3900 динари. Не можам особено да му се заблагодарам никому, за жал, бидејќи овие пари ги подигам од банкомат и немам увид кој ги пратил, освен ако некој не се јави во inbox... Досега никој не ми јавил. Имам неизмерна потреба да кажам едно големо БЛАГОДАРАМ, иако знам дека тоа е малку за она што вие го правите. Ме расплакавте, но и онака животот во последно време ми се сведува само на тоа. Ви благодарам, ви благодарам од срце", напишала вчера Тања на Фесјбук.
Тања живее во Јагодина, а во Белград ја води двегодишната Леа на терапија. Две терапии ја чинеле околу 20 илјади динари. Тоа е, како што вели, само почеток на борбата за здравјето на Леа.
„За терапијата се снаоѓаме, малку на рати, малку со попуст. Не ни сакав да соберам пари на овој начин, но им благодарам на сите во секој случај", бил еден од коментарите на Тања, која е трогната од фактот дека многу луѓе кои не ја познаваат и помогнале.
Точната дијагноза на нејзиното куче е генетска стеноза на залистоците на аортата и пулмоналните вени, а како што напишала, засега не се спомнува никаква операција, туку само терапија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј
-
Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на разговори во Брисел
-
Без струја делови од Карпош и неколку приградски населби
-
Сончево со локална облачност, наутро со услови за магла по котлините
-
Состојба на патиштата
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075