„Љубојна“ со нов албум одбележува 15 години постоење

Музичкиот состав „Љубојна“ 2016 година ќе ја заокружи со промоција на најновиот албум „Радио Љубојна“, како дел од одбележувањето на 15 годишнината од постоењето.
Албумот го сочинуваат осум авторски композиции, сите со различна етно-конотација кои се интерпретирани од „Љубојна“ во придружба на познати имиња од македонската музичка сцена, меѓу кои и Џамбо Агушев, Васил Хаџиманов, Исмаил Лумановски и други.
Составот „Љубовна“ го карактеризира автентичен музички стил изграден преку негување на македонскиот музички етнос, во комбинација со различни музички стилови.
- Преку експресијата на Вера Милошевска и љубопитноста на Оливер Јосифовски се создава елегантна симбиоза - музика со жесток ритмички пулс. „Љубојна“ е спој на сите експресивни и елегични чувства и звуци на радост, тага, еуфорија, интензивност, испреплетени во музички концентрат во медитерански манир, од срцето на Балканот. Доказ за тоа е албумот „Радио Љубојна“ произведен во музичката продукциска куќа „Баиро Закон Цорпоратион”, се наведува за новиот албум на „Љубојна“.
Во рамки на одбележувањето на 15-годишното постоењето, „Љубојна“ одржа голем број концерти, поддржа хуманитарни активности и се презентираше со музика за балетска претстава во Пекинг, Народна Република Кина.
Во својот 15 годишен музички опус, „Љубојна“ има издадено девет албуми, а автор е на преку 70 театарски и филмски проекти. Имаат одржано преку 300 концерти ширум светот, а добитници се на голем број награди, меѓу кои: „Најдобра музика“ на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ (2002), „Златна Бубамара на популарноста“ за група на годината (2015; 2016) и за музички спот на годината (2016), како и “Супербренд“ на годината (2015/2016).
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
