Љубчо Георгиевски: Се уште не сме го виделе францускиот предлог, но не треба целосно да се отфрла
Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пред почетокот на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата изјави дека француски предлог не го видел, иако било кажано дека утрово ќе биде објавен, но сепак го коментираше претходниот француски предлог, иако, како што кажа, во основа останува ист. Според Георгиевски, во тој предлог имало и позитивни работи и не требало целосно да се отфрла.
-Она што е важно е тоа дека во францускиот предлог македонскиот јазик е дефинитивно без проблем ставен во понатамошниот тек во односите со ЕУ. Она што е уште поважно, а на што многу малку се става акцент во Македонија, дека со прифаќањето на францускиот предлог во бугарскиот Парламент, факт е дека тие се откажаа од претпоследиот или последниот нивен став што беше донесен пред ветото за влезот на Македонија во ЕУ. Се сеќавате имаше два става кои беа неприфатливи дека македонскиот јазик до 1945 година бил бугарски и дека македонскиот народ до 1945 година бил бугарски и она што беше уште потешко за нас, тоа требаше според таа нивна позиција да го прифати Македонија. Тоа сега го нема и затоа сметам дека не треба да ги цениме само негативните елементи што мислиме дека се негативни во францускиот предлог, туку дека треба да цениме она што е позитивно, рече Георгиевски.
ВМРО-НП, рече тој, беше една од ретките партии кои рекоа дека во францускиот предлог има многу позитивни работи и оти не треба да се отфрла во глобала.
– Она на што треба да се стави акцент е дека двете страни не се задоволни до крај, меѓутоа тоа е суштината на секој предлог. Тоа беше суштината и на Преспанскиот договор, кога двете страни колку и да споделуваат оценки дека се задоволни од предлогот во суштина остануваат не докрај сите нивни нереализирани моменти, посочи Георгиевски.
Ново на Сител
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени
-
Реакција на АХВ за објава на градоначалникот Костадинов за водата во Струмица
-
Крушевчанец возел со 1,94 промили алкохол во крвта
-
Бегале од полиција со мотор без таблички и усмртиле човек на кеј кај „Жабар“ | ФОТО
-
САД престанаа да испорачуваат дел од противвоздушното оружје во Украина
-
Најмалку четворица загинаа откако брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив
-
Православните верници го слават празникот посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец
-
Во Колумбија пронајдена масовна гробница со осум општествени и религиозни лидери