-->
-->
Љајиќ: Колку повеќе одложуваме решение за Косово, толку ќе биде се полошо за нас
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/july/njeagerhtr-186839.jpg?itok=YmOidbYG)
Тој истакна дека затоа работите треба да се придвижат од мртва точка, пред се поради Србите кои живеат на Косово и заради напредокот на земјата.
- Ако погледате историски во последните 25 години, секој следен предлог за Косово бил полош од претходниот. Секој легитимен претставник на Албанците бил порадикален од претходниот. Не се преговарало со оние со кои можеби можело да се преговара затоа што се тргнувало од максималистички позиции, изјави Љајиќ во гостување на РТС.
Според него, преговарачката позиција на Србија ослабнува со понатамошното одлагање на решавањето на прашањето за Косово.
- Мислам дека се треба да се стави на маса како опции. Мислам дека поделбата е добро, но задоцнето решение. Порано имаше шанси, во деведесетите години кога сте имале реална и власт, моќ и влијание на Косово, но сега тоа веќе го нема. Според тоа, нашата преговарачка позиција сега е далеку послаба и колку повеќе одложуваме (решавање) мислам дека ќе биде се полошо за нас, истакна Љајиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот