Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа изјави дека Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста околу одржувањето втора рунда разговори.
„Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна беше поништен од претседателот Доналд Трамп.
Ливит рече дека САД се блиску до договор, но додаде дека Трамп има повеќе опции доколку не се постигне договор и оти нема да се двоуми да ги искористи. Таа посочи дека претседателот и претходно покажал дека ги спроведува своите најави.
Според Трамп, примирјето договорено меѓу САД и Иран треба да истече во среда. Доколку не се постигне договор, тој најави дека ќе нареди напади врз енергетскиот сектор и цивилната инфраструктура.
Се уште не е познато дали ќе се одржи втора рунда преговори пред истекот на примирјето.
МИА
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
