Литванија ги забрани сите летови преку Белорусија
Литванија денеска соопшти дека нема да дозволи ниту еден лет, ниту влезен, ниту излезен, да го преминува белорускиот воздушен простор, еден ден откако Белорусија пресретна авион на пат кон Вилнус и уапси опозиционер кој беше на тој лет.
- Сите летови што одат од или до литванските аеродроми преку белорускиот воздушен простор се забранети, изјави министерот за транспорт Мариус Кудис на владин состанок во Вилнус.
Белоруските власти вчера го уапсија опозицискиот активист Роман Протасевич откако авионот во кој се наоѓаше беше пренасочен кон Минск, наводно поради закана за бомба. Авионот на „Рајанер“ летал од Атина за Вилнус. По неколкучасовно задржување на аеродромот во Минск, авионот можел да го продолжи летот, но без опозиционерот и неговата девојка.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
