Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
Литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
Литијата ќе тргне од храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, по вечерната богослужба што ќе започне во 17:00 часот.
Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7:30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот.
Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари