Литературна средба со читателки во Ресен по повод 8 Март

По повод Денот на жената, 8 Март, Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен ја организираше традиционалната 5. средба со читателките.
Повеќе од 130 редовни читателки и посетителки имаа можност одблиску да се запознаат со преку 50.000 наслови што ги поседува библиотеката во рамките на Домот. Настанот беше под покровителство на градоначалникот на Општината Ѓоко Стрезовски и со поддршка на Министерството за култура.
- Оваа средба беше дел од годишните активности на Домот на културата „Драги Тозија“. Нашите читателки, кои ги има во голем број, доаѓаат на оваа средба со цел да се запознаат со новите дела кои во тековната година ги добила библиотеката, но и да слушнат дел од поезијата наменета за жената од учениците во ресенските основни училишта, а оваа година и од страна на најмладите од предшколска возраст, рече директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ Васко Василевски.
На литературната средба со читателки по повод 8 Март, настапија три дечиња од градинката „11 Септември“ од Ресен, а потоа со свои творби се претставија ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Мите Богоевски“, како и од основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Царев Двор. Настапија и тројца ученици со творби на Турски јазик. Настанот го збогатија тројца ученици во Школата за пијано под раководство на Гоце Милошевски.
- За нас како локална самоуправа, од особена важност е да ги поддржуваме ваквите настани кои го унапредуваат творечкиот дух на нашата млада генерација, а тоа им причинува особено задоволство на припадничките на понежниот пол, кои отсегаш повеќе ја сакале поезијата и музиката. Секогаш ќе ја дадеме поддршката за поголем културен развој што ќе значи и зголемување на бројот на читатели во библиотеката, истакна градоначалникот Стрезовски.
На присутните читателки им беше доделено цвеќе, а оние што имаа желба, можеа да подигнат и бесплатен примерок на книга, како благодарност за членувањето во библиотеката.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
