-->
-->
Литар масло во Германија до пет евра
-->
– Цените на храната во Германија драстично „скокнаа“ од почетокот на руската инвазија врз Украина. Тоа се забележува особено, кај продажбата на масло во германските супермаркети, пишуваат локалните медиуми.
На некои места цената за еден литар масло достигнува и до пет евра. Филијала на малопродажниот синџир Едека во Тренделбург, северен Хесен, повеќе не сака да продава масло со такви цени, наведува Феникс магазин.
– Не очекувавме ситуацијата да оди во правецот во кој се разви. На полицата за масло, ставивме натпис со објаснување зошто веќе не продаваме. Нема да продаваме сончогледово масло за 4.99 евра по литар. Се оградуваме од вакви цени. Постојат граници, изјави Ања Мулер за германскиот медиум РТЛ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји