Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат

Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ф. управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час - соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањата на брзината, да не го загрозуваат сопствениот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот и да бидат одговорни и совесни учесници во сообраќајот.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
-

Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави
-

Тотенхем ќе купува кај Манчестер Сити
-

Трамп најави „економска војна“ против Иран и се закани со последици за земјите што го поддржуваат
-

Потпишување Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија
