Лишени од слобода тројца возачи поради алкохол и пребрзо возење

Полициските службеници во изминатите два дена лишија од слобода тројца возачи во Македонска Каменица, Кратово и Куманово поради сериозни прекршоци во сообраќајот.
На улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, вчера околу 23 часот полицијата го привела Д.Ј. (54) откако управувал возило „Хјундаи“ под дејство на алкохол. Измерени му биле 2,00 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, однсно ноќеска во 1:59 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кратово, лишен од слобода е Д.К. (25) кој управувал „Ауди“ со кочански регистарски ознаки. Тестирањето покажало присуство од 1,72 промили алкохол.
Во Куманово, на регионалниот пат кај селото Доброшане, вчера во 14:10 часот, полицијата го привела И.М. (45) кој управувал „Мицубиши“ со брзина од 91 километар на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 40 километри на час.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
