Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
На 14.05.2025 во 19.30 и на 15.05.2025 во 03.00 часот, полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово ги лишиле од слобода Д.А.(64) од с.Зубовце, гостиварско и А.М.(36) од Тетово.
При вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на 14.05.2025 околу 19.30 часот на регионален пат Гостивар – с.Градец и по преземени мерки било констатирано дека Д.А. го управувал возилото „опел“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта, а притоа го нарушувал и јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Додека, при сообраќајна контрола на улица ,,Борис Кидрич“ во Тетово на 15.05.2025 во 03.00 часот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со хрватски национални ознаки, кое го управувал А.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.52 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим
-
Македонските тенисери елиминирани во квалификациите на „Macedonian Open 2025“