Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ кај Дебар, Регионален центар за гранични работи Запад, од слобода лишиле албански државјанин, кој понудил поткуп.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска во 9:15 часот, од слобода е лишено лицето Д.А.(30) од Хотеш, Република Албанија.
- Тој, при влез на македонска територија со патнички автомобил „фолксваген шаран“, со албански регистарски ознаки, во кој превезувал уште четири други албански државјани, на полицискиот службеник кој вршел гранични проверки за влез во државата, во личните и сообраќајните документи, му оставил пари, информираше Димоски.
Додаде дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот