-->
-->
Липиткова: Изградбата на пречистителни станици е уште една од успешните приказни
-->

Една од успешните приказни на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е изградбата на пречистителни станици во Р. Македонија. Оваа Влада почна од нулта позиција и навистина во овој период работевме на проектирање, документација, разговори со донатори, користење на Европски фондови и буџетски средства и веќе изградивме 4 пречистителни станици, истакна Соња Липиткова, заменик министер за екологија.
-Три пречистителни станици од 1 април ЈП„ Водовод“ ќе ги преземе на управување, односно ќе почнат со работа. Тоа е Волково и двете пречистителни станици на Сарај. Ќе почне да се гради пречистителнита станица во Прилеп со целосна реконструкција на канализационата мрежа од 43 километри, инвестиција вредна 24 милиони евра. Меѓутоа на ова поле работиме и со Швајцарската кофедерација и на Р. Македонија и додели 40 милини евра, истакна Липиткова.
Таа посочи дека до крај на годината ќе се изградат мали пречистителни станици и за Карбинци и Чешиново кои исклучително ќе ги подобрат перформансите на еколошкото живеење во овие мали општини
-Министерството за животна средина 70 до 80% од средствата од ИПА фондовите ќе ги намени за изградба на пречистителни станици, истакна Липиткова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево