-->
-->
Лион го декласира Монако со 6:1
-->
Дерби натпреварот од претпоследното 37.коло во фудбалското првенство на Франција меѓу Олимпик Лион и Монако убедливо го доби домашниот тим со 6:1.
Со оваа победа, Олимпик Лион го осигрура второто место на табелата и директниот пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Монако пак, сега стрепи за третата позиција која води во квалификациите за ЛШ, бидејќи четврто пласираната екипа на Ница има само два бода помалку.
Ница во директен дуел го победи конкурентот за излез на европскат сцена Сент Етијен.
Во пресрет на последното коло, на дното на табелата единствено јасно е дека Троа одамна го загуби прволигашкиот статус, а кои ќе бидат другите две екипи кои ќе се преселат во понизак ранг останува да се види.
Комплетни резултати од 37.коло во француската Лига 1:
Тулуз – Tроа 1:0,
Ница – Сент Етијен 2:0,
Нант – Кан 1:2,
Монпеље – Рен 2:0,
Олимпик Марсеј – Ремс 2:0,
Олимпик Лион – Монако 6:1,
Лил – Гингамп 0:0,
Ајачо - Париз Сен Жермен 0:4,
Бордо – Лориен 3:0 и
Бастија – Анжи 1:0.
Табела: ПСЖ 92 бодови, Олимпик Лион 65, Монако 62, Ница 60, Сент Етјиен 58, Лил 57 .... Тулуз 37, Ајачио 37, Ремс 36 и *Троа 17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Седници на четири собраниски комисии