-->
-->
Лина сигурно до финалето
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа која е прва носителка на фјучрс турнирот во Денен, Франција (награден фонд 25.000 долари) без загубен сет стигна до финалето. Таа денеска во полуфиналниот меч ја победи Французинката Менон Арканжоли со 2-0 во сетови. Резултат во гемови: 6:3 и 6:4.
Во првиот сет Ѓорческа брејкот го напарви во шестиот гем кога поведе со 4:2 и потоа имаше водство и од 5:2. Во вториот сет беше понеизвесно. Нашата тенисерка направи брејк за водство од 3:2 во вториот сет, но противничката се врати во игра и ги доби следните два гема за водство од 4:3, но до крајот Ѓорческа беше подобра и ги доби трите гема за триумф во мечот и пласман во финалето.
Во финалето утре Ѓорческа ќе игра Мари Оскака (Јапонија) која се пласира за финалето откако Валентина Иваненко (Украина) го предаде мечот при водство на Јапонката со 6:1 во првиот сет и 2:1 вом гемови во вториот сет. За Ѓорческа ова е второ финале во 2017 година, откако претходно играше на фјучрсот во Рим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот