Ликовна работилница на Живко Поповски Цветин во возот Скопје – Гевгелија

Сликарот и хуманист Живко Поповски- Цветин денеска во возот кој сообраќа на релација Скопје – Гевгелија организира ликовна работилница „Цветна патека на мирот“ и притоа на патниците ќе им подарува слики.
Во текот на денот тој ќе одржи ликовна работилница во детски градинки во Гевгелија и во Богданци.
Вечер ќе се одржи ликовен перформанс „Цветна патека на мирот“, а истовремено ќе биде отворена и изложба во Музејот на град Гевгелија каде тој ќе изложи свои 33 дела работени во маслена техника, акрил, на платно и на хартија.
Во изминатата недела Поповски - Цветин имаше ликовни работилници „Цветна патека на мирот“ посветени на завршната академска година во ЕСРА Универзитетот во Скопје, во детската градинка „Борис Трајковски“ во Демир Капија, кај Спомен куќата на Мајка Тереза...
Настанот од Скопје до Гевгелија е во организација на Македонски железници и Македонското здружение за обичаи и традиции „Гороцвет“, а во Гевгелија во организација на локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
