Фудбал
6. September 2020 - 20:09

Лига на нации: Македонија за првпат ќе игра против Грузија

Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Тбилиси каде во вторник од 18ч. Го игра вториот дуел од Лигата на нациите против домашната Грузија. Ова ќе биде прв историски дуел помеѓу овие две репрезентации на меѓународната сцена. 
Во 27-годишната историја на македонската фудбалска репрезентација  и нејзините настапи на меѓународната фудбалска сцена сеуште има селекции со кои не сме ги одмериле силите. Меѓу нив од европските репрезентации е Грузија со која ќе играме во вторник. 
И Македонија и Грузија  стартуваа со победи во новиот циклус од Лигата на нациите. Додека ние славевме со 2-1 против Ерменија, Грузија освои три бода на гостувањето кај Естонија каде победи со 1-0. 
Од нашиот табор пред самото заминување за Грузија пристигна информацијата дека Кире Ристевски и Иван Тричковски нема да бидат во комбинација поради повреда.  Покрај нив на денешниот тренинг пред патувањето не тренираа и фудбалерите кои играа против Ерменија. 
Средбата се игра во вторник со почеток во 18ч. За оваа средба се делегирани судии од Данска НА ЧЕЛО СО Питер Казгард.