Фудбал
6. August 2017 - 9:47

Лига 1: Олимпик Лион сигурен на стартот од новата сезона

Фудбалерите на Олимпик Лион синоќа во натпреварот од 1.коло од француската Лига 1 ја постигнаа најубедливата победа на досега одиграните седум натпревари. Тие пред своите навивачи го победија Стразбур со 4:0.Стрелци на головите беа Набил Фекир и Мариано Диаз по два.
 
Резултати на другите натпревари:
Мец - Генгамп 1:3,
Монпеље - Каен 1:0,
Сент Етиен - Ница 1:0,
Троа - Рен 1:1,
ПСЖ - Амиен 2:0 и
Монако - Тулуз 3:2.
 
Денеска се играат три натпревари од стартното коло: Лил - Нант, Анже - Бордо и Олимпик Марсеј - Дижон.