Фудбал
16. September 2017 - 9:36

Лига 1: Бордо до три бодови во Тулуз

 
Екипата на Бордо ја постигна третата победа сезонава откако синоќа во првиот натпревар од 6.коло од француската Лига 1 како гостин го совлада Тулуз со 1:0. Стрелец на единствениот гол во 69.минута беше Бразилецот Малком, за кого ова беше трет гол сезонава.
Бордо со новите три бодови се искачи на трето место на табелата зад ПСЖ и Монако, а една од четирите екипи (Бордо, ПСЖ, Олимпик Лион и Анже) кои немаат пораз.
Вечерва се играат пет натпревари од ова коло, а другите четири ќе се играат утре. Во недела во вечерниот термин од 21 часот е закажано и дербито на колото меѓу ПСЖ и Олимпик Лион.