Лидија Димковска ќе ја отвори „Долга ноќ на европската литература“ во Берлин
Писателката Лидија Димковска е избрана од бордот на Европската конференција на писатели да ја отвори манифестацијата „Долга ноќ на европската литература“ која по повод Денот на Европа ќе се одржи денеска во „Дојче театер“ во Берлин.
Димковска ќе прочита неколку песни на македонски јазик, а преводите на германски на Александер Зицман и на англиски на Љубица Арсовска и Пеги Рид ќе се читаат и проектираат на сцената на националниот театар.
Покрај Димковска, на читањето ќе настапат и Јарослав Рудиш од Чешка, Сјон од Исланд, Паоло Џордано од Италија, Драгана Младеновиќ од Србија, Јазра Калед од Грција, Јетон Незирај од Косово, Јана Бенова од Словачка и Серхиј Жадан од Украина.
На настанот ќе биде прочитан и заеднички манифест во однос на Европа и нејзината реалност.
Овој книжевен настан е во рамките на Европската конференција на писатели што вторпат ќе се одржи од 9 до 11 мај во Академијата на уметноста во Берлин, а на која ќе учествуваат автори и професори речиси од сите европски земји. Тие ќе се обидат да одговорат на прашањето што претставува денес Европа со своите јазици, граници и имигрантски политики.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг