Лидерот на турската опозиција, Озгур Озел, нападнат од поранешен затвореник кој ги убил своите две деца | ВИДЕО
Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција, Озгур Озел, вчера беше нападнат додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул.
Озел го напушташе Културниот центар „Ататурк“ во центарот на градот кога еден маж со седа коса му се приближи и го удри во лицето со отворена дланка, покажуваат телевизиските снимки.
Озел, кој присуствуваше на комеморацијата за Сири Суреја Ондер, прокурдска политичарка која почина во саботата, не беше повреден во нападот.
Осомничениот е приведен, посочи на главниот јавен обвинител на Истанбул.
Министерството за внатрешни работи подоцна објави дека напаѓачот бил 66-годишен маж кој ги убил своите две деца во 2004 година и бил условно ослободен во 2020 година. Весникот „Џумхуриет“ објави дека во 2004 година тој пукал и ги избодел своите син и ќерка, на возраст од 19 и 17 години.
Инцидентот ги обнови стравувањата за безбедноста на политичарите во Турција. Во 2019 година, претходникот на Озел на функцијата претседател на РХП, Кемал Киличдароглу, беше нападнат додека присуствуваше на погреб на војник во покраината Анкара.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми