Лидерот на СДСМ се сретна со германската амбасадорка Алтхаузер

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер со која разговарал за реализација на условите за организирање и спроведување на регуларни избори во декември.
- Заеднички е ставот дека техничката Влада и сите државни институции мора да функционираат во правец на обезбедување услови за фер предизборен и изборен процес и дека нема алтернатива за слободни демократски избори коишто единствено отвораат перспективи за Македонија и граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.
Заев истакнал дека се фокусирани на тоа на овие избори да овозможат да одлучи слободната волја на граѓаните.
- Тоа е должност на сите и злоупотреби нема да дозволиме. Се отворивме и комплетно како партија за сите кои сакаат да и помогнат на државата. Постојано сме на терен, рекол Заев.
На средбата, како што се посочува, била поздравена посветеноста на СДСМ кон реализацијата на препораките од Прибе, како значаен чекор за евроинтеграцијата на Македонија.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
