Македонија
13. September 2016 - 16:44

Лидерот на СДСМ се сретна со германската амбасадорка Алтхаузер

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер со која разговарал за реализација на условите за организирање и спроведување на регуларни избори во декември.

- Заеднички е ставот дека техничката Влада и сите државни институции мора да функционираат во правец на обезбедување услови за фер предизборен и изборен процес и дека нема алтернатива за слободни демократски избори коишто единствено отвораат перспективи за Македонија и граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ. 

Заев истакнал дека се фокусирани на тоа на овие избори да овозможат да одлучи слободната волја на граѓаните.

-  Тоа е должност на сите и злоупотреби нема да дозволиме. Се отворивме и комплетно како партија за сите кои сакаат да и помогнат на државата. Постојано сме на терен, рекол Заев.

На средбата, како што се посочува, била поздравена посветеноста на СДСМ кон реализацијата на препораките од Прибе, како значаен чекор за евроинтеграцијата на Македонија.