Лидерот на ПЕГИДА на суд за навреди кон бегалците

Лидерот на антиисламската и анти имигрантската група ПЕГИДА во април ќе се соочи со судска постапка поради коментари на Фејсбук со кои странците ги нарекува „стока“ и „ѓубре“, јави дописникот на МИА од Берлин.
Лидерот на групата „Патриотските Европејци против исламизацијата на западот“ Луц Бахман вчера вечер на својот фејсбук профил напишал дека процесот против него ќе започне на 19 април во Дрезден.
Кривичната пријава од страна на обвинителството во Дрезден против лидерот на ПЕГИДА е поднесена во октомври поради негов обид со постови на социјалната мрежа Фејсбук да предизвика насилство кон бегалците.
Бахман кој е коосновач на ПЕГИДА, група која секоја недела организира протести против исламизација на Германија и западната култура тврди дека тој не го сторил делото и дека судењето е политички мотивирано со цел да се дискредитира ПЕГИДА.
Ново на Сител
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
