Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл
По распадот на „семафор коалицијата“, германските либерали (ФДП доживеаја тежок пораз на вчерашните парламентарни избори во Германија, по што нивниот лидер Кристијан Линднер најави дека ќе се повлече од политиката.
„Сојузните избори донесоа пораз за ФДП, но се надеваме на нов почеток за Германија. За тоа се борев. Сега се повлекувам од активната политика.
Со само едно чувство: благодарност за речиси 25 интензивни, предизвикувачки години полни со дебата“, напиша Линднер на X.
Кристијан Линднер е претседател на ФДП повеќе од единаесет години и тоа секогаш го сметал за „привилегија и посебна обврска“, како што претходно изјави во Берлин.
Тој во германскиот Парламент (БУндестаг) беше речиси 25 години. Линднер е претседател на ФДП од крајот на 2013 година. Под негово водство, ФДП успеа да се врати во Бундестагот во 2017 година.
Во ноември тој беше разрешен од министерската функција од канцеларот Олаф Шолц (СПД) по спорот околу отплатата на германскиот долг. Со ова беше запечатен крајот на препознатливата „семафор коалиција“.
Освен Линднер, синоќа и потпретседтелот на ФДП Волфганг Кубицки најави дека ќе поднесе оставка од партијата доколку неговата партија не го мине прагот од пет проценти.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници