Лидерот на ДПА,Тачи на средба со Нишани во Тирана
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи попладнево во Тирана се сретнал со шефот на албанската држава, Бујар Нишани.
- Спроведувањето на Охридскиот договор е фундманет на почитувањето на правата на Албанците во Македонија и создавање клима на меѓусебна доверба меѓу Албанците и Македонците, во корист на напредокот и развојот на што подобри односи на овие два државотворни народи во Македонија, оценил Нишани на средбата Тачи.
Нишани го изнел и ставот дека се залага за што подобра клима на соработка не само меѓу Албанија и Македонија, туку и со сите други земји од регионот и пошироко.
Тој, како што пренесува порталот Албеу, високо го оценил придонесот на Тачи во косолидацијата на албанскиот фактор во Македонија и во развојот на односите меѓу Албнците и Македонците, како и со другите народи кои живеат во Македонија.
Тачи му се заблагодарил на Нишани за неговиот придонес и помош во консолидацијата и унапредувањето на односите меѓу двете земји, како и поддршката што ја дава за Албанците кои живеат надвор од матичната земја.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“