Лидерот на Ал Каеда ги повика џихадистите во Сирија на обединување
Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, ги повика соперничките џихадисти во Сирија да се обединат затоа што во спротивен случај им се заканува смрт.
Во денеска лиферуваната аудиопорака на Интернет првиот човек на Ал Каеда борците на групата Исламска држава повторно ги обвини дека се „екстремисти“, пренесоа британските медиуми.
- Ние треба да го сакаме единството на муџахедините во Шам (Сирија) . . . Браќа мои . . . прашањето за единството за Вас е прашање на животот и смртта, рече Завахири.
Автентичноста на снимката, што е прва од јануари, засега не може да се потврди од независен извор, но таа ги има карактеристичните делови од неговите претходни пораки.
Завахири го искритикува политичкиот процес за изнаоѓање решение за кризата во Сирија, што се води под закрилата на ОН, и ја пофали сириската ќелија на Ал Каеда - Фронтот Ал Нусра, што контролира поголем дел од провинцијата Идлиб.
Тој повторно ги потенцира идеолошките разлики меѓу Ал Каеда и Исламска држава. Споредс него, борците на Исламска држава се „екстремисти и отстапници“, а нејзините следбеници на крајот ќе се откажат од нејзините убедувања и методи.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник