Лидерите од Азиско-пацифичкиот регион по Анталија, се собраа во Манила

Лидерите на 21 држава од регионот на Азија и Пацификот, меѓу кои и се претседателите на САД и Кина, Барак Обама и Си Џинпинг, денеска пристигнаа во Манила, каде ќе се одржи Самитот на организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), посветен на економските односи, технолошкиот развој и мерките за намалување на емисиите на штетни гасови.
На Самитот на АПЕК не допатуваа претседателот на Русија, Владимир Путин и на Индонезија, Јоко Видодо. Единаесет од учесниците на собирот на Манила, учествуваа и на Самитот на Г-20 што се одддржа во Анталија.
Самитот на АПЕК ќе го отвори филипинскиот претседател Бенињо Акино, кој денеска за медиумите изјави дека очекува усвојување на документи со кои ќе се забрза технолошкиот развој на малите и средни компании од овој регион, кои учествуваат со повеќе од една третина во вкупната светска размена.
Покрај економските договори, аналитичарите очекуваат и одделни средби на учесниците на кои ќе се разговара за мерките за сузбивање на тероризмот во светот и за актуелните проблеми поврзани со суверенитетот и територијалните барања на државите од овој регион во однос на Јужното Кинеско Море.
Во рамките на подготовките на Самитот, во Манила беа оддржани голем број договорни средби на економски и политички експерти, а завршната декларација вчера ја усогласуваа министрите за надворешни работи на државите-членки на АПЕК.
Ново на Сител
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
-

Уапсени двајца фудбалери на Беса за претепувањето на голманот на ФК Аеродром | ВИДЕО
-

Ужас во Белград: Пијан 24-годишник помина на црвено и усмрти тричлено семејство мeѓу кои и 9-годишно детe | ВИДЕО
-

Четири лица повредени, меѓу кои и 8-годишно дете откако „бмв“ излетало од патот во близина на Липково
-

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим
-

Моментот кога тројца Турци со нож избодеа лице во Црна Гора | ВИДЕО
