Лидерите на куса пауза, разговорите продолжуваат

По неполни два часа од почетокот лидерите на четирите најголеми партии во земјата ги прекинаа разговорите и заминаа на куса пауза. Нема информации за што тие разговорала во првиот дел од денешната трета лидерска средба во последните пет дена.
На лидерскта средба во Клубот на пратениците присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Билал Касами од БЕСА.
Ова е трета лидерска средба во последните пет дена. Првите две се одржаа минатата недела, едната во проширен состав со присуство на лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Власта бара од опозицијата поддршка за претстојниот референдум, додека опозицијата инсистира на усвојување на Законот за финансирање на политичките партии, измени во Законот за Влада според пржинскиот модел и измени во Кривичниот законик поврзан со амнестијата.
И на денешната средба во Клубот на пратениците е придружуван од вицепрмиерката Радмила Шеќеринска, Мицкоски е со професорката Тања Каракамишева, Али Ахемти се вицепремиерот Бујар Османи, додека Хасами е придружуван од Аријанит Хоџа.
По завршување на средбата се очекуваат изјави од лидерите.
Ново на Сител
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
