Лидерите на Германија, Франција и на Италија се очекува да го посетат Киев во знак на солидарност со Украина
Лидерите на трите најголеми европски земји, Германија, Франција и Италија, се очекува денеска да пристигнат во Киев за да ја покажат својата поддршка за Украина, која се бори со тековната руска инвазија. Посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги се подготвува со недели. Тројцата сакаат да ги отфрлат критиките во Украина за начинот на кој реагираат на војната, јави ДПА.
Нивната очекувана посета ќе се случи еден ден пред Европската комисија да го усвои мислењето дека Украина ќе добие статус на кандидат за ЕУ, нешто што најголемите земји не сакаа да го сторат, наведува агенцијата.
Францускиот претседател вчера во Романија изјави дека е време Европа да ја увери Украина во нејзината европска перспектива. „Дојдовме до точка кога ние како Европејци мора да испратиме јасен политички сигнал до Украина и нејзиниот народ, кој херојски пружа отпор“, рече тој.
Киев ги критикува Франција и Германија, а во помала мера и Италија, за одложување и неуспехот да ја обезбеди бараната помош, испраќајќи оружје и ставајќи го својот просперитет на прво место, наместо слободата и безбедноста на Украина. Оваа недела, Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави за Билд дека се плаши дека тројцата лидери ќе сакаат да извршат притисок врз Киев да го убедат да прифати мировен договор поволен за рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Јаневска им го честита на учениците успешниот крај на учебната година и им посака пријатен распуст
-
Влада: Ниту повредените, ниту семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами
-
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
-
Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес
-
Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
-
Крмзов доби 30 дена притвор