Свет
18. December 2015 - 18:43

Лидерите на ЕУ се договорија за борба против тероризмот, контрола на границите

Лидерите на ЕУ се договорија денеска на самитот во Брисел дека ќе водат „бескомпромисна борба против тероризмот“ и повикаа на сеопфатни антитерористички мерки, согласни дека „од клучна важност“ е примената на систематска и координирана контрола на границите, за да се знае кој влегува, а кој излегува од ЕУ.

Претседателите на држави и влади на членките на Унијата исто така соопштија дека многу брзо ќе ги разгледаат предлозите на ЕК против илегалната продажба на огнено оружје, особено полуавтоматско оружје.

Челниците на 28-те држави на Унијата исто така ветија брза акција за ограничување на можноста на насилни екстремисти да ги финансираат своите делувања, вклучувајќи мерки за замрзнување на нивниот имот и други рестриктивни мерки.